недела , 24 септември 2017
ademi

Вицепремиерот Адеми : Итно враќање на европските вредности

По долгата и исцрпна политичка криза политичарите имаат одговорност да ги вратат европските перспективи и да покажат дека се способни да ја однесат Македонија на вистиснкиот колосек.

Вицепремиерот за европски прашања Адеми го посочи токму враќањетп на патот кон европските вредности, на денешната дебата на Филозофскиот факултет по повод 9-ти мај, Денот на Европа.

„ЕУ е спремна да носи одлука во насока на проширувањето, да ги надминува внатрешните пречки и да отовори пат за европска, просперитетна и реформска Македонија. Покрај сите предизвици, лично сум убеден дека можеме и дека ќе ги спроведеме потребните реформи, колку тие да се болни, и дека ќе ја вратиме земјата назад на европскиот пат, каде што и заслужува да биде“, рече вицепремиерот Адеми.

Иако и европското семејството се соочува со низа проблеми, тоа е сепак иднината на граѓаните на Македонија, посочија говорниците.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …