вторник , 26 септември 2017
DSC_0018

Вицепремиерот Османи на средба со новоименуваниот амбасадор на Германија

Заменик-претседателот на Владата, кој е задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Вицепремиерот Османи го поздрави интересот на Германија и како и досега дадената поддршка за Македонија во напорите да се врати земјата на евроатлантскиот пат, што е и интерес на мнозинството граѓани.
„Германија ја сметаме за силен поддржувач на политиката на проширување и пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, кое најдобро се покажа со иницирањето на Берлинскиот процес и самитите кои следуваа во Берлин, Виена, Парис и последниот во Трст“, посочи вицепремиерот Османи.

Вицепремиерот Османи го запозна амбасадорот Герберих и со планот 3-6-9 и неговата досегашна реализација, со приоритетите на новата Влада за откочување на процесите на евро-атлантските интеграции на земјата, како и со новиот пристап на водењето надворешна политика за градење добрососедски односи. Како што истакна Османи на средбата, за тоа говори успешното потпишување договор за добрососедство со Бугарија, но и успешната посета на грчкиот министер Коѕијас на Македонија. Тоа, додаде Османи, претставува само почеток на унапредувањето на односите со соседските земји, што ќе продолжи и во иднина.

„Очекувам во наредниот период напредок по прашањето за евро-атлантските интеграции и во таа смисла, очекувам поддршка за целосно решавање на прашањето за влезот на Македонија во НАТО“, истакна Османи на средбата.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …