вторник , 24 октомври 2017
Skopje-Marathon-2018-701x572

„Виз Ер Скопски маратон“ го отвори пријавувањето за 2018 година

Организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“ ја започнаа организацијата на еден од најмасовните и најпопуларни спортски настани во Македонија и пошироко.

Датумот на одржувањето на маратонот е 6 мај 2018 година, а од денеска, 14 септември, со почеток во 10.00 часот официјално започнува и пријавувањето на учесниците. Секој кој ќе се пријави во првите четири дена, до недела, 17 септември, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.

Пријавувањето и регистрацијата за „Виз Ер Скопски маратон 2017“ ќе може да се изврши преку официјалната веб-страница, www.skopskimaraton.com.mk, како и преку партнерот за онлајн регистрација на „Виз Ер Скопски маратон“, www.smartrace.club.

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, покрај „Женска трка“ и „Виз Ер Скопски маратон“, заедно со Атлетски клуб Работнички се подготвува најновото спортско изненадување со трката „Скопје трча 10 км“ (Skopje Run 10K) која ќе се одржи на 8 октомври 2017 година. Повеќе детали за оваа трка може да најдете на www.skopje.run.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …