понеделник , 21 август 2017
ivanovvv

Влада може да се формира и без Иванов да го даде мандатот

Со оглед на тоа дека Владата се избира од Собранието, а пратениците од ги избира народот, постои опција и пратениците да свикаат седница на парлментот и да ја конституираат новата влада, која ќе биде сосема легитимна. Таков пример можевме да видиме во Словенија, изјави за Плусинфо Андреја Стојковски, експерт од невладиниот сектор.

Според Осман Кадриу, професор по Уставно право, објаснува дека Уставот во членот 90 предвидува и дозволува, ако Иванов не му го даде мандатот на Заев, парламентарното мнозинство самото да избере влада.

– Заев, како претставник на коалицијата која има обебзедено парламентарно мнозинство, со 67 потписи за мандат, може да бара од сегашниот претседавач, Трајко Вељаноски, веднаш да свика продолжение на конститутивната седница, на која ќе се избере нов собраниски спикер, кој ќе ја свика наредната седница за избор на влада. На оваа седница Заев треба да предложи владина програма.
Ако Вељаноски не ја свика седницата, тогаш парлементарното мнозинство го повикува најстариот пратеник да го закаже продолжението на конститутивната седница. ВМРО-ДПМНЕ нема правна можност да ја оспори вака избраната влада, се разбира доколку ДУИ, Беса и Алијансата ја поддржат владата, а не да останат на ставот дека потписи дале, а влада не поддржуваат – вели Османи за „Слободен печат“.

Инаку, со секој одминат ден се повеќе се зголемува притисокот од меѓународната и дел од македонската јавност врз претседателот Иванов да донесе одлука за да го даде мандатот, но и притисокот од ВМРО-ДПМНЕ тоа да не се случи, туку да се распишат нови избори. Дел од експертите сметаат дека одолговлекувањето на одлуката од Иванов е во координација со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Тоа се заеднички активности за да се искомпликува ситуацијата и по можност да не му се додели мандатот на Заев. Да се добијат нови избори кои тие се надеваат и ќе работат на тоа да ги добијат со убедливо мнозинство, за да бидат во ситуација да не мора да формираат коалиции – објаснува аналитичарот Сашо Ордановски.

Ордановски уште вели дека нови избори би се распишале за да се држи државата во неизвесност.

– Ќе се кршат закони, ќе се крши Устав, како и до сега. Ништо ново од овие актери – додава Ордановски.

Повиците за пресметка не се воопшто блеф, смета тој. Што се однесува до Груевски, тој грубо би се пресметал со своите противници, но, како што вели Ордановски, проблемот сега е што Груевски нема ресурси за тоа, ја нема таа сила.

Прочитајте повеќе на ПлусИнфо.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …