четврток , 19 октомври 2017
Dragi Raskovski

Владата чешла преку 30 државни претпријатија – не знаат каде им се парите,на ГТЦ му испариле 1,8 милиони евра од сметка

Владата ги чешла финансиските извештаи на преку 30 државни и јавни претпријатија на кои им испариле пари од сметка. На Акционерското друштво „Градски трговски центар“ му снемало 1,8 милион евра од сметката за црни денови, а на ЈП „Македонски шуми“ извршител по грешка им земал 850.000 денари.

Вака неодговорно се расфрлале со народните пари, менаџерите на преку триесетина јавни и држави претпријатија во земјава кои мака мачат да ги поклопат сметките и да прикажат пред Владата чист финансиски извештај за работењето во првите три месеци од годинава. Апсурдни ситуации има уште многу, па години наназад поради неодговорниот пристап во претпријатијата под  државна капа тие трупаа загуби, а никој не одговараше.

На Влада преку 250 точки на дневен ред од преку 30 претпријатија чекаат да бидат одобрени зошто фали информација каде се парите. Можно е и Финансиска полиција да го чешла нивното работење, зошто ако само за оваа година имаат толку нечисти сметки, треба да се испита колку домаќински се работело и изминатите години.

„Пративме инспектори да проверат и чекаме 1,5 месец да ги најдат каде се потрошиле 1,8 милиони евра од сметката за резерви на ГТЦ. Потоа во завршната сметка за прв квартал од годинава Македонски шуми не знае каде и се 850.000 денари од сметка. Испадна дека извршител од Делчево ги земал по грешка. Односно наместо да изврши во нивна корист, тој си наплатил. Доколку не побаравме дополнителна информација, тие пари ќе си останеа таму. Инспекторот се врати со информација дека извршителот сепак ги вратил парите на сметка. Владата чека повеќе од 1,5 месец дополнителни информации односно 250 точки на дневен ред за 30 претпријатија чекаат да бидат одобрени зошто не можат да ги најдат парите“- вели генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

Нема информација колку се вкупните „грешки“ во работењето на овие претпријатија, но Рашковски вели дека ќе се чешла секоја сметка посебно за работењето и во изминатите години.

Нема одговор ни од МТВ зошто и покрај тоа што во АЕК има софтвер за мерење гледаност, ангажираат агенција која треба да го испитува рејтингот и гледаноста на МТВ и за таа услуга плаќаат 10.000 евра.

Центарот за граѓански комуникации објави дека дури 31 од вкупно 120 државни фирми, минатата година работеле непрофитабилно и направиле вкупна загуба од 35,4 милиони евра. Односно негативен финансиски резултат во 2016 година искажала секоја четврта државна фирма.

Базата на податоци покажала и дека 18 компании од јавниот сектор, повеќе од две години работат со загуби, што согласно Законот за јавни претпријатија повлекува одговорност од директорите на овие фирми.

Според анализата најголем загубар меѓу државните компании на ранг листата за лани е АД Македонски Железници Транспорт, со загуба од 11,2 милиона евра, којашто е зголемена за 14 пати во споредба со 2015 година. Оваа државна фирма била во загуба и во 2014 година. Второ на ранг листата е јавното претпријатие за извршување водостопански дејности, најголемиот загубар од лани, ХС Злетовица Пробиштип чијшто биланс на успех покажува минус од 8,5 милиони евра. Со загуба од над 8 милиони евра, трето на листата со најголеми загуби е второто претпријатие што произлезе по трансформацијата на Македонски Железници во 2007 година, Македонски Железници Инфраструктура. Меѓу најголемите десет загубари според податоците за 2016 година, се вбројуваа и ЈП Стрежево Битола со загуба од 3,7 милиони евра, АД за аеродромски услуги Аеродроми на Македонија со минус од над 2 милиони евра.

Анализата покажала дека останатите 89 анализирани компании од јавниот сектор, работеле профитабилно и имаат вкупна добивка од 62 милиона евра. Контрадикторно е што голем дел од државните фирми што искажаа профит, всушност не платиле даноци кон државата и можат да се најдат и на црната листа на Управата за јавни приходи.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.