понеделник , 21 август 2017
sdsm-sediste098-639x320

Владата предводена од СДСМ става крај на расипничкото трошење и на нереалните проекции и ги намалува долговите

Tајното и расипничко задолжување што ВМРО-ДПМНЕ го правеше за криминално богатење и луксузирање на сметка на осиромашените граѓани, резултираше со јавен долг од над 50% од БДП и околу 180 000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно.

Таквото безобразно и нерационално трошење на парите на граѓаните заврши. Новата Влада предводена од СДСМ преку одговорно работење за само неполни два месеца врати 122 милиони евра за долгови, а вкупниот долг успеа да го намали за околу 55 милиони евра.

Новата Влада предводена од СДСМ става крај на расипничкото трошење и на нереалните проекции, а парите ги враќа назад кај граѓаните. Предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …