сабота , 23 септември 2017
641622_isis-03a_f

Владејачката коалиција во Ирак и шиитски милиции бараат премиерот да побара руски напади врз ИД

641622_isis-03a_fВладејачката коалиција во Ирак и влијателни шиитски милиции го повикуваат премиерот Хајдер ал Абади да побара руски воздушни напади врз „Исламска држава“, која контролира значителен дел од територијата во земјата, изјавија денеска нивни претставници.

Претседателот на Советот на генералштабовите на американските вооружени сили генерал Џозеф Данфорд рече за време на посетата на Багдад вчера, дека Ирак ги уверил САД, дека нема да бара вакви напади.

Абади, неговата Влада и милициите поддржани од Иран, изразуваат разочарување од темпото и опсегот на американската операција врз ИД, и најавија дека планираат да се потпрат на Русија.

Русија, Иран, Сирија и Ирак формираа разузнавачки центар во Багдад со цел да го зајакнат отпорот против ширењето на Исламска држава во регионот.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …