недела , 22 октомври 2017
Employees work at the headquarters of Kaspersky Labs in Moscow

Владините агенции во САД добија наредба да го отстранат „Касперски“

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, им наложила на владините агенции во земјата да ги тргнат производите на „Лабораторија Касперски“ од своите информатички системи.

Како што е наведено, администрацијата на Трамп е загрижена дека оваа компанја за сајбер безбедност, чие седиште е во Москва, е под влијание на Кремљ.

Министерството за внатрешна безбедност на САД им издало директива на агенциите со која им наложува да ги идентификуваат производите на „Касперски“ во своите информатички системи во рок од 30 дена, а потоа да направат планови во рок од 60 дена да претстанат да ги користат и да ги отстранат. Во рок од три месеци, како што пренесе агенцијата „Ројтерс“, тие треба да ги реализираат плановите, односно повеќе да не ги користат производите на „Касперски“.

„Ројтерс“ наведува дека од „Касперски“ не излегле со свој коментар.

Од компанијата повеќепати негираа дека се поврзани со која било влада и дека не ѝ  помогнале на ниту една влада во сајбер шпионажата.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …