вторник , 26 септември 2017
132536413-540x320

Властите во Египет се обидуваат да поттикнат избирачка активност

132536413-540x320Властите во Египет одлучија да објават половина од денешниот ден да биде неработен во обид да зголемат избирачка активност за парламентарните избори во државата, јави ДПА.
Одлуката беше донесена од премиерот Шериф Исмаил во вториот ден од гласањето. Исмаил ги повика работодавачите во приватниот сектор да ги обезбедат неопходните услови на работниците да гласаат.
Но, и покрај тие мерки локални телевизии покажаа инсерти во кои дел од избирачките места речиси се празни два часа откако почна вториот круг од изборите.
Гласањето се одржува во половина од египетските региони во кои претходно овој месец се одржа првиот круг од гласањето. Останатите региони ќе гласаат идниот месец. Се очекува на изборите да победат сили лојални на претседателот Абдел  Фатах ал Сиси.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …