среда , 18 октомври 2017
sobranieStr

ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да нема петмина потпретседатели

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница побара од дневен ред да се тргне предлогот на претседателот на Собранието Талат Џафери, Парламентот да има петмина потпретседатели.

Според пратеникот Илија Димовски, никогаш немало таков случај и тоа би значело оптоварување на буџетот зашто ќе морале да се ангажираат повеќе шофери, секретарки, асистенти и службени автомобили.

Од опозицијата истакнаа оти ќе ја поддржат одлуката ако Џафери бара тројца потпретседатели.

Предлогот да се тргне оваа точка од дневен ред, беше одбиен од мнозинството пратеници.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.