недела , 24 септември 2017
vmro dpmne soopstenie

ВМРО ДПМНЕ демантира дека Груевски барал амнестија од Заев

По интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Дојче Веле во кое го обвини Груевски дека целта му е амнестија, од ВМРО-ДПМНЕ го негираат тоа.

Од поранешната владејачка партија тврдат дека „ВМРО-ДПМНЕ не барало амнестија“.

-Зоран Заев не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и дека некој искрено и чесно се бори за одбрана на државните и национални интереси. Кај него сè е предмет на пазарење и преговарање. Затоа Заев лаже и клевети. ВМРО-ДПМНЕ ниту барало амнестија, ниту има причина да бара амнестија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш било на страна на народот и државата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и криминалецот Заев, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев во интервјуто за Дојче Веле рече дека тоа што го прави Груевски „го прави за да се пазари за амнестија. Амнестија нема да има“.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …