недела , 22 октомври 2017
sobranie3-685x320

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската сала во знак на револт

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ изреволтирани од одлуката на пратениците од парламентарното мнозинство да не ги поддржат измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување предложени од нив,  во знак на протест ја напуштија собраниската сала.

– Во знак на револт, сите пратеници од опозицијата во овој момент ќе ја напуштат седницата и на парламентарното мнозинство ќе им дадат 15 минути да обезбедат кворум за продолжување на седницата. Доколку не го сторат тоа ние ќе се вратиме назад. Ова е само во знак на протест, јавноста да дознае за одлуките на парламентарното мнозинство, рече Илија Димовски, координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлогот за измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пратениците на ДПМНЕ иницираа зголемување на пензиите за 5 отсто од наредната година, но предлогот со 54 гласа против беше одбиен.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …