среда , 28 јуни 2017
sobranie-drugagol

ВМРО ДПМНЕ не присуствуваа на координацијата за утрешната седница кај собранискиот спикер Џафери

Во Собранието денеска се одржа координативната средба, која, според информациите од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери била во функција на утрешната седница за избор на нова Влада.

На состанокот не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски од СДСМ, Ејуп Алими од ДУИ, Весел Мемеди од Алијансата на Албанците, Бардул Даути од ДПА, Африм Гаши од Беса со спикерот Џафери го договарале редоследот на обраќање на претставниците на партиите по обраќањето на мандатарот.

Според Деловникот за работа на Собранието, мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата пред пратениците. По програмата и составот на Владата, Собранието води претрес најмногу два дена.

Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието, стои во Деловникот.

Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во полноќ. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници -61 од 120 пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …