вторник , 26 септември 2017
vmro dpmne soopstenie

ВМРО-ДПМНЕ: Неработникот Жерновски е во натпревар за додворување кон СДС

„Правдата ќе дојде и ќе ги стигне сите како Андреј Жерновски, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и сите други што одработуваат против Македонија и за тоа ќе одговараат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за рочиштето за случајот за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

„Доколку не се ваквите монтирани случаи, СДС и Жерновски нема по што да бидат актуелни. Освен по ревносното мудрување по социјалните мрежи, Жерновски е познат и по својата неработа и по бруталното лажење. Неработникот Жерновски е во натпревар за додворување кон СДС поради големата надеж да биде повторен кандидат за градоначалник на Општина Центар“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …