недела , 22 октомври 2017
8742707669_786cfa376b_k

ВМРО-ДПМНЕ повторно фатени во лага: Адвокатот Костиќ пред Рашковски, бил ангажиран и од ВМРО-ДПМНЕ

Како адвокатска канцеларија нашите клиенти секогаш добивале и ќе добиваат професионален третман и нивото на пружените услуги нема да го нивелираме според политичката припадност или симпатизерство на клиентите. Затоа и бараме од политичките партии да не ја политизираат работата на нашата канцеларија и истата да не се употребува за дневно-политички цели.

mickovski-polnomosno-1170x1813
Во врска со упатените обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека сме бесправно ангажирани сакаме да напоменеме дека адвокатските услуги се ослободени од формалите процедури на Законот за јавни набавки, затоа што адвокатскиот квалитет е немерлив и е оставено на субјектите сами да одлучуваат на која адвокатска канцеларија ќе и ја дадат својата доверба.

mickovski-izjava-1170x1856
Имено, заради квалитетот на нашата адвокатска канцеларија ние сме ангажирани да бидеме и адвокати на
поранешниот директор на АД ЕЛЕМ и сегашен генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ – Христијан Мицковски
поранешниот директор на АД МЕПСО Ненад Јовановски кој доаѓаше од редовите на ВМРО ДПМНЕ
поранешниот директор на АД СЛАВИЈА Даница Јованова кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ

mickovski-izajva2-1170x1885

Сите овие поранешни директори ја дале својата доверба на нашата канцеларија за што во прилог Ви ги доставуваме нивните полномошна.
Согласно законските прописи, за промена во централен регистар процедурата МОРА да ја спроведе адвокат кој е на листата на овластени регистрациони агенти, така да сите претпријатија МОРА да ангажираат адвокат за оваа правна работа и истото се наплаќа според тарифник.
Во врска со изнесената фактура за ЈП Јасен, и обвинувањата дека сме наплатиле нешто што не е сработено, сакаме да појасниме дека
од страна на поранешниот директор Оливер Андонов на членовите на новиот управен одбор не им беше дозволено да имаат увид и располагање со статутот на друштвото со што од страна на членовите на управниот одбор беше побарано да им го обезбедиме од централен регистар
од страна на поранешниот директор Оливер Андонов, им беше забрането на сите вработени да не смеат да помагаат во работата на новиот управен одбор иако тоа им е во опис и попис на работни задачи, па од нас беше побарано како адвокатска канцеларија да присуствуваме на конститутивната седница
иако разрешен, Оливер Андонов продолжуваше да им забранува на вработените да ја даваат техничката подршка на членовите на управниот одбор, дури им беше наредил да не смеат да влезат во просториите на јавното претпријатие на членовите на управниот одбор и надлежните службеници не сакаа да го заведат записникот од втората седница на управниот одбор, па од страна на УО беше побарано да даваме правна помош за да се биде според закон.
иако повеќекратно и телефонски и со присуство бевме вклучени во целата постапка, од наша страна беше само еднократно наплатено
извитопрерување на вистината е и износот затоа што во него не се кажува дека тоа е износ кој е со ДДВ кој се враќа во буџетот и дека во него се содржани такси кои се плаќаат према Централен регистар.

jovanovski-polnomosno-1170x1854

Ја исклучуваме роднинската врска со генералниот секретар на Владата и сакаме да напоменеме дека во нашата канцеларија има 6 адвокати и повеќе приправници, а со ваквата кампања само се наштетува на нашиот углед, за што бараме јавно извинување од ВМРО ДПМНЕ.

jovanova-ovlastuvanje-1170x2051

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …