вторник , 26 септември 2017
dpmneprilep

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Денес во Прилеп е волкот во јагнешкa кожа!

dpmneprilep
„Денес, ден пред 11-ти Октомври, денот кога Прилеп, градот на непокорот, го слави почетокот на народно-ослободителната борба на македонскиот народ, оние кои зад себе оставија пустош и сиромаштија, раководството на СДСМ решиле да го посетат нашиот град. Истите кадри на СДСМ кои многу ветиле, а никогаш ништо не реализирале денес ќе се обидат на прилепчани уште еднаш да им ветуваат лаги. Денес во Прилеп е волкот во јагнешкa кожа, луѓето кои се обидуваат да се претстават во ново светло, но за кои ние прилепчани добро знаеме кои се и како го уништија нашиот град.

Г-дине Заев, Вашето место не е овде! Не е овде затоа што во главата на секој прилепчанец одекнуваат Вашите зборови дека сите ќе ги бркате од работа, од чистач до министер“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Голема грешка правите што на овој светол ден за македонскиот народ сте дошле да го посетите Прилеп! Не заборавајте! Прилеп е град херој! Никако нема да Ви прости за Вашите зборови дека треба да си ја свиткаме кичмата и да го промениме името на државата!

Не можеме да го заборавиме тоа што СДСМ ни го стори! 35 илјади работници останати на улица, затворени фабрики и комплетно уништена економија. Заборавени и лажени земјоделци и тутунари! Прилепскиот гигант Тутунски комбинат го претворивте во најголем загубар!

Училишта оставени на забот на времето, 65% неасфалтирани улици, Прилеп без канализација и со месеци без капка вода за пиење.

 

Дозволете да ви го честитаме утрешниот празник 11-ти Октомври – Денот на народното востание. ВМРО-ДПМНЕ заедно со вас го започна модерното востание во Прилеп и денес живееме во модерен Прилеп со кој сите се гордееме. Продолжуваме и понатаму со напорна работа за подобар Прилеп! Нашите заеднички дела и проекти се реалност во сите области на општественото живеење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …