недела , 22 октомври 2017
vmroSediste-685x320

ВМРО-ДПМНЕ реконструирало болници, СДСМ само троши

ВМРО-ДПМНЕ излезе со уште една реакција во стилот што сè  направиле тие кога би биле на власт додека СДСМ сега расипнички ги троши, според нив, парите на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ со два милиони евра ја реконструира Специјалната болница за белодробни заболувања и турбекулоза ‘Јасеново’ во Велес. СДС за овие 100 дена владеење ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра. Со овие пари неодговорната влада на Заев можеше да реконструира 175 болници низ Македонија што ќе беше од големо значење на граѓаните. Влада на СДС не реконструира ниту една болница, а парите на граѓаните расипнички ги потроши. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика што ја спроведоа СДС и Заев.Граѓаните видоа дека на владата на СДС здравјето на граѓаните е ставено во втор план, а приоритет е луксузирањето на нивните партиски војници.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење странски инвестиции со цел отворање поголем број работни места“, стои во реакцијата на оваа партија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …