недела , 24 септември 2017
vmro-dpmne-soopstenie-520x320

ВМРО-ДПМНЕ: Стравот од изборен пораз го тера Заев да измислува нереални решенија

vmro-dpmne-soopstenie-520x320
„Наредните месеци, насекаде каде што ќе оди Зоран Заев ќе ја повторува лагата за средна класа со 850 евра месечно за секое семејство, како што неговите претходници во партијата ветуваа по еден вработен од секое семејство“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дадена при неговата денешна посета на Штип.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека безидејноста и недостигот од конкретни решенија ги тера СДСМ во очај да измислуваат вакви „нереални и неискрени солуции за подобрување на стандардот на граѓаните во Македонија“.

„Откако СДСМ доживеа фијаско со лагата за еден вработен од секое семејство, стратезите на оваа партија сакаат упорно да покажат дека не учат од сопствените грешки и влегуваат од лага во лага, овојпат за 850 евра приход за секое семејство. Ниту Заев и СДСМ ќе обезбедат средства, ниту, пак, СДСМ може воопшто да креира средна класа. Со повторувањето и со проширувањето на лагите е јасно дека ниту најголемите оптимисти од раководството на СДСМ не очекуваат победа на претстојните избори, па сакаат со вакви максимално популистички ветувања без покритие да земат колку што можат од фондот на гласачи во Македонија, бесрамно лажејќи го сопствениот народ во очи“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека од изјавите на лидерот на СДСМ за преговорите за изборниот закон, се повидлива е нервозата и стравот од пораз на изборите што владее во СДСМ.

„Како се ближи април СДСМ, се повеќе ќе бараат изговори и ќе заговараат решенија со кои ќе сакаат да ја покријат слабата поддршка од граѓаните. Ова сценарио е веќе видено и осудено на пораз со кој очигледно одамна се помирени во СДСМ“, велат од владејачката партија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …