сабота , 21 октомври 2017
timthumb (21)

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да донесе одлука за 100-процентно обесштетување на овоштарите

Владата да донесе итна одлука за 100-процентно обесштетување на овоштарите и за најмалку 50 отсто да ги зголеми субвенциите за одржување на овошните насади, апелира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата воедно предлага државата да се вклучи во пронаоѓање нови пазари за извоз на праски, како и во заштита на македонските земјоделски производи.

– ВМРО-ДПМНЕ третпат ги повикува министерот и СДС, наместо со парцијални решенија и општи изјави по медиумите, веднаш да ги преземат четирите основни чекори. Вакви мерки беа носени во минатото со цел на земјоделците да им се излезе во пресрет и да им се помогне во надоместување на штетата, рече Весна Пемова на прес-конференција.

Според неа, СДСМ и министерот за земјоделство имаат одговорност пред граѓаните и земјоделците да работат во нивен интерес и да ги решаваат нивните потреби и проблеми.

– Додека македонските праски скапуваат, имаме информации дека се увезуваат преку 1.200 тони евтини праски од соседството. Времето одминува, а нема никаков ефект од празните прес-конференции и флоскули на Љупчо Николовски, нагласи Пемова.

Мерката од шест денари поддршка за килограм предадена праска кај откупувачите не значи, рече, никаква поддршка.

– Откуп воопшто нема, а кога нема откуп земјоделците не предаваат праски за да добијат во посочениот период дополнителна поддршка. Оваа мерка би имала ефект доколку воопшто има откуп. Очигледно по неколку реакции на овоштарите од Росоман и Кавадарци, Министерството и Владата немаат конкретно и издржано решение за нивниот проблем, истакна Пемова.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.