вторник , 26 септември 2017
vmro-dpmne-soopstenie-520x320

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ владее крајна безидејност и мрзливост

vmro-dpmne-soopstenie-520x320Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како непродуктивна прес-конференцијата на опозициската за програмата „Визијата за Македонија“ и наведува дека во СДСМ владее крајна безидејност и мрзливост.

Во реакција на прес-конференцијата на СДСМ, ВМРО истакнува дека во СДСМ продолжува праксата наместо конкретна програма и проекти да презентира празни зборови и демагогија поради што девет изборни циклуси по ред немаат поддршка од граѓаните.

– Граѓаните на Македонија знаат дека ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во нови училишта, детски градинки, осовременување на наставата со компјутери, набавка на најдобрата стручна литература достапна во светот, нови студентски капацитети и реновирање на старите. Граѓаните на Македонија знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ реновира болници и ги опремува со најсофистицирана опрема и гради нови амбуланти. Граѓаните совршено добро знаат колку оваа власт инвестираше во културата. Се градат театри, се снимаат филмови, се вложува во музиката, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …