вторник , 27 јуни 2017
vmro dpmne soopstenie

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев мора да го испорача тоа што го ветил

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Зоран Заев во врска со членството на Република Македонија во Европската Унија.

„Зоран Заев им ветуваше на граѓаните брз прием во НАТО и ЕУ, без да се задира во идентитетските прашања и без да се склучуваат договори на штета на Македонскиот народ и држава.

Зоран Заев мора да го испорача тоа што го ветил. Граѓаните го очекуваат тоа од него. Не смее нивните очекувања да се разводнуваат со некакви најави за одмрзнување на позитивната препорака која што Република Македонија ја добива осум години по ред.

Република Македонија и во последните две години добиваше позитивна препорака, но таа беше условена токму заради политичката криза во која што СДС и Зоран Заев ја втурнаа државата.

Граѓаните очекуваат Зоран Заев и неговата влада да престанат да бараат алиби, да ги релативизираат своите ветувања и да отпочнат со одговорно работење“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …