петок , 22 септември 2017

ВМРО-Народна партија предлага донесување на закон за амнестија

vmro np
„ВМРО-Народна партија целосно ја поддржува иницијативата за собирање потписи за распишување референдум, со што ќе се обезбеди законска можност за ставање на дневен ред на законот за амнестија во Собранието на Република Македонија. Ги повикуваме нашите членови и симпатизери да се придружат кон оваа хумана иницијатива и да го дадат својот потпис.

ВМРО–Народна партија бара од пратениците во Собранието на Р.Македонија едногласно да се изјаснат во корист на овој закон. Убедени сме дека секој човек што се огрешил пред законот, заслужува шанса за нов почеток.

ВМРО-Народна партија предлага донесување на закон за амнестија, со кој ќе се доизгради системот од правни норми кој ја регулира казнената политика и санкционирањето, во насока на ублажување на драконските казни и овозможување на осуденото лице да ја почувстува милоста од опшеството на кое и припаѓа. Секако, тој закон со поединечни членови ќе ја одреди категоризацијата на осуденици во однос на тежината на сторените кривични дела, освен за најтешките кривични дела за кој нема да важи и според истите критериуми ќе се доделува заслуженото помилување.

ВМРО-Народна партија и во оваа прилика повторно укажува на несоодветноста и неразмно строгата казнена политика што се спроведува во Р.Македонија и бара целосна и темелна реформа на истата, која ќе се вклопи во рамките на казнените политики кои се спроведуваат во земјите членки на Европската Унија“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …