вторник , 26 септември 2017

ВМРО–НП бара итно продолжување на преговорите

vmro np
ВМРО-Народна партија (НП) изразува големо разочарување и загриженост од прекинувањето на преговорите за спроведување на обврските што произлегуваат од договорот од Пржино, потпишан од лидерите на четирите политички партии.

Партијата вели дека доколку не продолжат преговорите Македонија ќе влезе во тешка политичка криза, ќе ја загуби препораката за почнување преговори за членство во ЕУ и ќе влезе во меѓународна изолација.

„ВМРО-Народна партија бара итно продолжување на разговорите и целосно испочитување на договор по сите точки содржани во истиот. Според реакциите на сите оние што и мислат добро на Република Македонија, а особено меѓународната јавност, доколку тоа не се случи, Македонија ќе западне во тешка политичка криза. Тоа ќе не вовлече во меѓународна изолација и губење на препораката за започнување на преговорите со ЕУ, што неминовно ќе се одрази на стабилноста, безбедноста, економијата и животниот стандард на граѓаните“, стои во соопштението.

Груевски и Заев да покажат одговорност, бара ВМРО-НП.

„ВМРО-Народна партија посебно ги повикува лидерите на двете најголеми македонски партии да покажат максимална одговорност и спремност за продолжување на преговорите од што зависи иднината на Република Македонија.
ВМРО-Народна партија го посочува како позитивен пример однесувањето на политичките лидери во Косово, кои преку дијалог и компромиси експресно стигнаа пред вратите на ЕУ. Затоа народот на Косово е награден со Договор за асоцијација и стабилизација на нивната земја со ЕУ, кој деновиве беше одобрен, а на 27 овој месец ќе биде потпишан.
ВМРО-Народна партија ги потсетува двете најголеми македонски партии дека договор може да се постигне само тогаш кога ќе се направи отстапка на штета на партијата, а тоа да биде во интерес на Република Македонија, што претставува врв на вистински докажан патриотизам“, порачува ВМРО-НП.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …