петок , 22 септември 2017
ljubco

ВМРО-НП ќе оди на избори со десниот опозициски фронт, Георгиевски бил за самостоен настап

На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија која се одржала вчера, пред членовите биле поставени три опции како да се настапи на претстојните предвремени парламентарни избори, каде биле дадени три опции.

Првата била гласање за самостоен настан, за која, според извори Плусинфо од ВМРО-НП, гласале лидерот Љубчо Георгиевски и Љупчо Балковски.

Втората, за настап на изборите со ВМРО-ДПМНЕ, ја поддржале тројца членови на ИК, а за третата опција – приклучување кон централно-десничарскиот блок, гласале шестмина присутни членови на ова партиско тело.

По гласање, била донесена одлука дефинитвно ВМРО-НП на изборите да настапи во рамки на десничарскиот блок и била формирана тричлена комисија која треба да ги води преговорите за заеднички настап со партиите од тој блок.

Деновиве ВМРО-НП треба да одржи централен комитет, на кој се очекува само да биде потврдена оваа одлука.

Од партијата на Љубчо Герогиевски за Плусинфо велат дека информациите во медиумите дека во ВМРО-НП има раскол поради тоа што членовите бараат заедники настап со опозицијата на изборите, а нивниот лидер тоа го блокира, се тенденциозни дезинформации.

Коалицијата за промени и правда каде се наоѓаат Демократскиот сојуз, Фродем, ДЕМОС и МОРО – Работничка партија е иницијатор за формирање на десен опозициски фронт и во моментот се водат преговори таа да создаде блок за заеднички настап на изборите на 11 декмври со ВМРО-НП, Обединети за Македонија и со Достоинство.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …