петок , 22 септември 2017
den na hrvatska

Во Битола одбележан Денот на независноста на Хрватска

den na hrvatska
По повод Денот на независноста на Република Хрватска, Хрватскиот културен центар и „Марко Марулиќ“, организираа пригодна манифестација, во соработка со заедницата на Хрвати од Белград – Тин Ујевиќ и Центарот за култура Битола.

На истата беше прикажан документарниот филм „Сријем у времену и простору“, во кој се зборува за доселувањето на хрватите на овие простори.

Писателката Лилјана Црниќ, автор на неколку книги поезија и проза, објавени во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Канада и Индија, добитник на повеќе награди и признанија за својата работа, презентираше стихови од своите дела, а пијанистот Ненад Лабор, изведе мелодии компонирани врз стиховите на Тин Ујевиќ, со кои ја распеа публиката.

Присутните ги поздрави координаторот на Хрватскиот културен центар Бранко Маретиќ, како и претседателот на заедницата на хрватите Тин Ујевиќ од Белград, Стипе Ерцеговиќ, кои информираа за Денот на независноста на Хрватска, кој се одбележува во спомен на 8-ми октомври 1991 година, денот кога е создадена самостојна, независна, Република Хрватска.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …