среда , 28 јуни 2017
timthumb (11)

Во Бугарија уапсени седуммина фалсификатори на платежни картички

Во заедничка акција на бугарската полиција и Европол, во Бугарија се уапсени седум лица, осомничени за припадност во криминална група. соопшти денеска главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Младен Маринов.

Како што јави БТА, станува збор за криминална група составена од Бугари и Шпанци, осомничени за изработка на фалсификувани платежни картички.

Преку фиктивни “скрил кориснички профили” се правеле трансакциите.

Во рамки на акцијата во Шпанија се уапсени уште 21 лице.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …