понеделник , 25 септември 2017
francia-polizei

Во Франкфурт голема рација против криминална мрежа

francia-polizeiОколу 1.200 полицајци и цариници беа вклучени во голема рација против мрежа за организиран криминал во Франкфурт и други места, при што се уапсени најмалку четири лица, јавуваат денеска германските медиуми.

Во текот на рацијата се пребарани околу 150 објекти, меѓу кои се и фирми на франкфуртскиот аеродром и во пошироката околина на градот.

Рацијата е спроведена на барање на Државното обвинителство и насочена против организираниот криминал, работењето на црно, затајувањето на данок и измами со социјалните давачки.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …