среда , 18 октомври 2017
VO-KAMEN-Naslovna-korica-1-701x456

„Во камен“ на Клеменс Маер, нова книга од „Или-Или“

Утре од печат излегува нова книга од „Или-Или“. Се работи за романот „Во камен“ на германскиот писател Клеменс Маер, зад чиј превод стои името на Катерина Јосифоска. Ова е 152. издание во популарната едиција „ПРОаЗА“, корицата ја дизајнираше Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

„Во камен“ е роман за проституцијата во еден голем, неименуван град во Германија, која започнува во 80-тите години, во ерата на поделеноста на земјата, а продолжува сè до денешно време. Маер мошне храбро гради експерименталнa приказна со речиси халуцинантни техники на тек на свеста, постојано менувајќи ја перспективата на нараторите и изневерувајќи го читателот. Раскажувањето тече во секвенци низ кои времето специфично се менува и настаните функционираат на ниво на слики, претстави и гласови, кои доминираат над ликовите и класичното раскажување. „Во камен“ е роман кој се нурнува во „хипер реалност“ полна со чудни гласови и ужасни настани, а која всушност е само една морничаво прецизна претстава на неолибералниот капитализам.

 

Авторот Клеменс Маер е роден 1977 година во Хале. Автор е на бројни прозни текстови и сценарија, а пишува и драми и новинарски колумни. Добитник е на повеќе германски книжевни награди и стипендии, а за збирката раскази „Ноќ, светилки“ е награден на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година. Во 2006 година го објавува романот „Кога сонувавме“, а во 2010 година книгата со автобиографска проза „Сили“. За сценариото за филмот „Во ходниците“, кое се темели врз негов краток расказ, Маер заедно со Томас Стубер во 2015 година ја освојува Наградата на германските сценаристи. За својот роман „Во камен“ (2014) ја добива Книжевната награда на градот Бремен.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …