среда , 20 септември 2017
vrateni-kosovski-imigranti

Во Косово се одбележуваат 13 години од протерувањето на над четири илјади Срби

На денешен ден навршуваат 13 години од мартовските насилства врз Србите на Косово, кога Албанците протераа нешто повеќе од четири илјади Срби од нивните домови и запалија над 30 верски објекти.

Во бранот насилство на Косово тогаш се убиени 19 лица, од кои осум Срби, додека 11 Албанци настрадаа во пресметките со припадниците на меѓународните сили за безбедност.

Повредени се најмалку 170 Срби, како и десетина припадници на меѓународните сили, кои се судириле со локалните Албанци, штитејќи ги Србите и нивниот имот.

Урнати се околу 800 српски куќи и запалени се 35 верски објекти, вклучувајќи 18 споменици на културата, меѓу кои и црквата Богородица Љевишка во Призрен.

Според податоците на Рашко-призренската епархија на СПЦ од април 2004 година вкупниот број на уништени црквени згради достигнал околу 100.

Меѓународните обвинители и судии на Косово процесуираа седум случаи на уништување на цркви и 67 лица осудија на затвортски казни од 21 месец до 16 години.

За време на мартовските немири на Косово протерани се 4.012 Срби, а повеќето од нив до денеска не се вратиле во своите домови.

Повод или изговор на прогнот беше кампањата на албанските медиуми, во која локалните Срби се обвинети дека со кучиња истерале преку реката Ибар група албански момчиња од селото Чабар кај Зубин Поток, од кои едно се удавило во реката.

Истрагата на полицијата на УНМИК подоцна утврди дека овие обвиненија се лажни. Мартовските случувања на Косово ги осудија Советот за безбедност на ОН, како и Европската унија, а во Парламентарното собрание на Советот на Европа на 29 април 2004 година е донесена резолуција.

Тринаесет годишнината од мартовските протерувања ќе биде одбележана утре во Косовска Митровица со полагање венец и оддавање почит на настраданите на Косово на 17 и 18 март 2004 година.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …