сабота , 23 септември 2017
bugarija-minibus-540x320

Во минибус во Бугарија откриени 28 имигранти од Авганистан

bugarija-minibus-540x320Бугарската полиција денеска во еден минибус во близина на градот Монтана откри 28 илегални имигранти, кои изјавиле дека се од Авганистан, јави БТА.

Минибусот со бугарски регистарски таблички патувал од Монтана кон градот Видин, во близина на тромеѓето на границата на Бугарија со Србија и Романија.

Како што соопшти полицијата, 31-годишниот возач на минибусот, кој е бугарски државјанин од Видин, е приведен.

Од имигрантите 19-мина поседувале документи издадени од бугарската Државна агенција за бегалци, што значи дека биле регистрирани при влез во Бугарија, додека останатите деветмина не поседувале никакви документи за лична идентификација.

Приведените имигранти се пренесени во центар за згрижување на бегалци во Софија, се додава во полициското соопштение.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …