вторник , 26 септември 2017
fk dame gruev natprevar

Во недела Дарко Панчев ќе го изведе почетниот удар за ФК Даме Груев

dame gruev
Во недела во почеток од 10.30 новоформираниот фудбалски клуб со голем дострел, “Даме Груев” ќе го одигра првиот натпревар од своето формирање. ФК Даме Груев ќе биде домаќин на екипата на ФК Чаир во рамките од четвртата македонска фудбалска лига.

Пред неколку дена претседателот на клубот Нелко Нелковски за медиумите изјави:

“ФК Даме Груев е проект кој ќе воведе нови критериуми во начинот на организација и начинот на функционирање на еден фудбалски клуб. Нашата управа веќе брои сто членови по примерот на Барселона. Ќе се натпреваруваме во сите категории и во машка и во женска категорија. На овој проект последните четири години интензивно го подготвуваме. Добивме поддршка од општината Ѓорче Петров и од Агенцијата за млади и спорт. Одиме чекор по чекор и за пет години имаме амбиции да играме во Лигата на шампионите”

На натпреварот во недела поканет е легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев на го изведе почетниот удар на натпреварот.

Натпревар на клубот ќе се одигра на Стадионот „Македонски Лавови„ , позади Гимназијата „Кочо Рацин„ во Општина „Ѓорче Петров„ – Скопје

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …