недела , 22 октомври 2017
sneg

Во Нов Зеланд дивее зимска бура

Нов Зеланд денеска го зафати зимска бура, предизвикувајќи блокади во сообраќајот низ целата  земја и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија.

Утринава се приземјени сите регионални летови од главниот град Велингтон, а силните ветрови предизвикаа големи штети уривајќи дрвја и кинејќи ја електричната мрежа низ цела земја, што повеќе од 10.000 домаќинства остави без електрична енергија.

Ветрот, што дуваше со брзина од 160 километри на час, ја погоди новозеландската престолнина, додека во теснецот Кук, што ги дели Северниот и Јужниот остров, дуваше со брзина од 130 километри на час, кревајќи 11 метри високи бранови, објави метеоролошката служба.

Затворени се некои од главните сообраќајници, а прекинат е и железничкиот сообраќај. Главните сообраќајници што одат низ средишниот дел на Северниот остров се затворени заради снегот и мразот, пренесе Хина.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …