вторник , 26 септември 2017
Naslovna-1045

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

Naslovna-1045
„ГОМЊАРИ САС ГОМЊАРСКУ ЦЕВКУ“
Не е сал „планот на Катица“ што им предизвика инсомнија на фамилијата и на зврлевци. Израелската тура на Заев, сосе изјавата дека Израел не дава донации во пари, веројатно предизвика да „им тече низ ногавици“. Та тие за обична „клевета“ носеа психијатриски вештачења. Де сон немале, де срцето им лупало забрзано. Според ваквите наоди, од планот на Катица и од пораките од Израел гарант се стигнати за во спец-установа да завршат.

ПОСЕТА ВО НЕЗГОДНО ВРЕМЕ
Односите со библиската земја Израел, братучедите Мијалков и Груевски си ги презедоа небаре семејно вмровско наследство мешајќи ги безбедносно-политичките интереси на Македонија и Израел со личните бизнис-лукративни цели

„ФАМИЛИЈАРЕН“ БИЗНИС
Компанијата „Виста груп“ склучила договор со Министерството за информатичко општество од 200.000 евра, за психолошки тестови на државната администрација по спорен тендер. Името на фирмата и луѓето околу неа, асоцира дека е блиска до Фамилијата

ДРЖАВНА „ВОЈСКА“
Со години власта не дозволува прецизно да се пребројат вработените во јавната администрација. Се лицитира со бројки од 130 – 180 илјади. Според анализата на „Фокус“, ВМРО-ДПМНЕ го удвоила бројот на вработените во министерствата

ЗАМОРЧИЊА НА ТОДОРОВ
Поради одлуката на министерот за набавка на поевтини лекови, на удар се најдоа болните од леукемија, децата со низок раст и дијабетичарите. Зошто Тодоров повеќе пари троши на реклами за здравствените реформи, а штеди на лекови од кои зависи животот на пациентите?

„РОВЕР“ И „ИЗГРЕВ“ МОРА ДА ЗАВРШАТ СО ОСЛОБОДИТЕЛНИ ПРЕСУДИ!
Правдата најчесто е премногу бавна или, пак, недостижна. Сведок на ова правило е и адвокатот Димитар Савовски, кој веќе четири години е дел од одбраната во случајот „Ровер“, а е еден од обвинетите во случајот „Изгрев“, заглавен веќе седум години во судските лавиринти

ГЛЕДНА ТОЧКА
Велат дека ако сакаш да фатиш криминалец, треба да размислуваш како криминалец, а не како полицаец. Слично, ако сакаш да придобиеш гласач, треба и да размислуваш како гласач, а не како политичар. Има ли во опозицијата политичари што сакаат да бидат успешни?

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Што барате, бре, вие браќа и сестри од раскараните црковни општини демохристијански во овој квазипарламент? Што друго, освен да му го држите разнишаниот престол на Груевски да не се распадне под него, зашто јамката веќе му е околу вратот!

Стојан АНДОВ
Груевски и неговиот систем на владеење е во распаѓање. Но ако сакаме макар и во некоја друга форма да не ни се вратат тие гадости, потребно е темелно критички да се преоцени и начинот на владеење на СДСМ

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Менталната ситуација во Македонија со масовното прислушување претставува реален психолошки трилер, кој асоцира на уметничките имагинации и фиктивните (анти)херои на Орвеловата „1984“

Рамадан РАМАДАНИ
Кумановските настани се најголем тест колку меѓуетничкото во Македонија може да се употреби во некакво политичко преиначување. Ако овој сѐ посомнителен настан се разјасни уште повеќе, ќе биде јасно на што сѐ биле подготвени некои, само за да ја зачуваат власта

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …