понеделник , 25 септември 2017
krivogastani-685x320

Во општина Кривогаштани шетаат инспектори и вршат притисоци

krivogastani-685x320
Денес во Обршани и Бела црква во општина Кривогаштани, инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство при МЗШВ им наредуваат на откупувачите на црвени пиперки дека мораат да го откупуваат пиперот за најмалку 20 ден/кг.

Министерот и заменик министерот ветија дека откупот ќе го направи државата. Ветија дека целосно ќе биде откупна црвената пиперка по цена од 20 ден,/кг. Наместо да им помогнат на земјоделците тие ги пуштија на терен инспекторите кои ветената обврска на државата сега им ја префрлија на откупувачите. Поради неисплатливост, тие не откупуваат ни килограм. Зијанот и притисокот се и кај производителите на пипер и кај откупувачите. И едните и другите се жртви на лошите политики и мерки во земјоделството.

Уште еднаш се потврдува дека никој во земјоделството не е поштеден од притисоците на власта во заминување која во паника прави се поголеми грешки.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …