сабота , 21 октомври 2017
kosovska-policija-granica

Во полициска акција во Косово приведени секретари на огроноци на српскиот Црвен крст

Припадници на косовските специјални полициски единици (РОСУ) синоќа извршија претрес во просториите на општина Пеќ и го приведоа секретарот на локланиот огранок на Црвениот крст на Србија, Момо Дашиќ.

Претходно се уапсени и секретарите на српскиот Црвен крст и во Грачаница и Драгаш, јави РТС.

Дашиќ е одведен на сослушување, а претседателот на општина Пеќ Милош Димитриевиќ е повикан денеска да се јави на информативен разговор во полицијата.

Полицијата во Грачаница и Драгаш ги одзеде печатите на Црвениот крст и заплени документи за социјално загрозените семејства.

Од косовската полиција засега нема објаснување за синоќешната акција. Сепак, косовските медиуми тврдат дека во големата полициска операција се уапсени неколку луѓе поради шпионажа.

„Косово прес“, повикувајќи се на неименуван извор од полицијата, објави дека во акцијата е пронајден материјал кој укажува на илегално прибирање лични податоци во Косово.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …