петок , 22 септември 2017
francijapoplavi-540x320

Во поплавите во Франција загинаа 19 луѓе

francijapoplavi-540x320Бројот на жртвите во поплавите што го зафарија францускиот брег се искачи на 19, а волонтерите и пожарникарите почнаа со чистење на градовите од калта и шутот.

Меѓу жртвите има и државјани на Велика Британија, на Италија и на Португалија.

Водата се излеа низ улиците на Кан, Ница и Антиба.

Уште едно безживотно тело денеска е пронајдено во градот Маделиј, каде осум луѓе загинаа обидувајќи се да ги извадат своите возила од гаража.

Во Кан е пронајдено тело во подземна гаража, а едно лице се води како исчезнато, како и во Антиб.

Во Биот, околу 40 километри од Монте Карло, во старски дом се удавија три лица.

Околу 5.000 куќи утрово се без електрична енергија.

Околу 300 припадници и 543 пожарникари учествуваат во спасувачките операции и трагаат по исчпезнатите лица.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …