сабота , 23 септември 2017
Sejsen

Во Прилеп ќе се одржи седми Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо

Sejsen
На 11.10.2015 година (Недела) во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески -Ричко“ Прилеп ќе се одржи 7-ми Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо  за Пионери и Кадети во машка и женска конкурекција „Прилеп Град Херој-2015“.

Турнирот е во комплетна организација на Џудо Клубот „СЕИШИН“-Прилеп со поддршка на Џудо Федерацијата на Македонија. На овој Турнир се очекува да настапат сите клубови од Македонија а најавени се и неколку клубови од Бугарија, Грција, Србија и Косово. Турнирот ќе се одвива на 2 борилишта со 6 национални судии и натпреварувачка комисија согласно правилата кои ги налага Џудо Федерацијата на Македонија. Борбите ќе се одвиваваат по возрасни и тежински категории за што се предвидени соодветни награди (Дипломи, Медали, Пехари и останати награди) за Прво, Второ и 2 Трети места за секоја тежинска категорија, најдобра екипа и најдобар натпреварувач  во секоја возрасна категорија.

Организаторот Џудо Клубот „СЕИШИН“- Прилеп ги врши последните подготовки за успешна организација на овој настан кој од година во година е се помасовен.

Борбите започнуваат во 10,30 часот па сите љубители на оваа боречка вештина и воопшто на Џудото како олимписки спорт се покануваат да проследат интересни џудо борби.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …