вторник , 26 септември 2017
Sveti-Arhangel-i-Mihael-1

Во Прилеп одбележан празникот Источен петок – Балаклија

Најстарата прилепска населба Варош под Марковите кули и манастирот „Свети Архангел Михаил“ денеска го прославија верскиот празник Источен петок – Балаклија.

Гостите беа кај варошани кои ги отворија портите и го посетија манастирот за да се помолат за здравје на семејството и да налеат од лековитата вода што извира под манастирот.

Изутрината во манастирот „Свети Архангел Михаил“ се служеше света литургија, а гостите цел ден го посетуваат манастирот.

Според етнологот Александар Цветкоски има две причини поради кои токму во Варош и во манастирот „Свети Архангел Михаил“ се слави оваа вековна традиција.

– Во 18 и 19 век Варош бил познато балканско и европско место каде се одржувале надалеку познати панаѓури. Дури некои сознанија водат во 14 и 15 век. Се тргувало со стоки и од Холандија. И на голем петок доаѓале трговците и не можеле да не го посетат манастирот и да се уверат во митовите и легендите дека водата е чудотворна, лековита, особено за очобол. Корените за верувањето на лековитата вода датираат од 4 век од Истанбул, каде се појавил извор на лековита, чудотворна вода. А таква, се верува, е и онаа од манастирот „Свети Архангел Михаил. Голем или Источен петок – Балаклија, првиот по Велигден е ден на источната, петочна лековита вода, објаснува Цветкоски.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …