вторник , 26 септември 2017
heroin-pakuvanja

Во Романија запленет хероин од еден милион евра

heroin-pakuvanjaРоманската полиција уапси двајца мажи кои во автомобилот со кои се превезувале пренесувале хероин. Тие биле уапсени во понеделникот во романскиот округ Џурџу, соопшти денеска романската Дирекција за истрага на организираниот криминал и тероризам.

Во каросеријата на автомобилот биле скриени 44 пакети со различна форма, кои содржеле вкупно 17,6 килограми хероин.

Вредноста на наркотикот на пазарот е околу еден милион евра, објави весникот „Романија либера“.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …