вторник , 26 септември 2017
hyundai-inaugurating-new-plant-in-russia-24633_1

Во Русија произведени милион возила на „Хјундаи“

hyundai-inaugurating-new-plant-in-russia-24633_1
За помалку од пет години, колку што постои фабриката на „Хјундаи“ во Санкт Петербург, од производените ленти се симнати милион автомобили.

Јубилејниот примерок беше седанот „Соларис“, инаку вториот најпродаван модел на рускиот пазар.

Погонот во некогашната престолнина на царска Русија почна со работа во јануари 2011 година и е еден од најголемите во оваа земја со капацитет од над 200.000 возила годишно.

Станува збор за една од најмодерно опремените фабрики на „Хјундаи“ во светот, со 185 роботи. Сметајќи ги  и работниците во индустријата што ја следи фабриката, за потребите на производството на автомобили корејската компанија вработува околу 7.000 луѓе од тој дел на Русија.

„Хјундаи“ наведува дека локализацијата на производството достигна 46 отсто, што значи дека речиси половината од компонентите во возилата се изработуваат во Русија.

Моделот „Соларис“ е опремен со бензински мотори, 1.4-литарскиот агрегат со 107 кс и 1.6-литарската единица со 123 кс.

За пренос на силата на помалиот мотор врз тркалата се користат шестбрзински мануелен или четиристепен автоматски менувач, додека во посилната верзија се вградува шестбрзински мануелен менувач или автоматик со истиот број брзини.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …