вторник , 24 октомври 2017
rusija protesti

Во Русија се одржаа протести против корупција

Во повеќе градови во Русија денеска се одржаа протести против корупција на владините претставници, а десетина демонстранти се уапсени, јавија американските медиуми, повикувајќи се на руски сајтови и социјални мрежи.

Протестот го организираше опозицискиот лидер Алексеј Наваљни. Тој неодамна тврдеше дека рускиот премиер Дмитриј Медведев поседува неколку куќи, јахти и лозја.

Руските државни медиуми не известија за протестите, додека руските сајтови и социјални мрежи пренесоа дека протестите се одржуваат во градовите од Владивосток до Екатеринбург, наведувајќи дека во Владивосток се уапсени десетина лица.

Руските демонстранти планираат во текот на денот да одржат собири, за кои не добиле дозвола, во Москва и во Санкт Петербург.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …