петок , 18 август 2017
zname Rusija

Во Русија во 2016 година над 1.400 лица се осудени за тероризам

Минатата година во Русија повеќе од 1.400 лица биле осудени за кривични дела поврзани со тероризмот и екстремизмот, изјави претседателот на Врховниот суд на Русија, Вјечеслав Лебедев.

Зборувајќи на состанок со претседателите на регионалните судови, Лебедев кажа дека лани во во Русија над 200.000 лица биле осудени за кривични дела поврзани со загрозување на јавниот ред и мир.

– За кривичните дела поврзани со тероризмот се осудени 550 лица, додека уште 900 се осудени за дела поврзани со екстремизмот, рече тој, а пренесе ТАСС .

Слични написи

mvr-granica-april-3-685x320

Бугарија со дронови и војска ќе се штити од илегални бегалци

Во борбата против нелегалната миграција, Бугарија планира масивно обезбедување на границата кон Турција со дополнително …