вторник , 24 октомври 2017
stip odbelezan

Во Штип одбележан Светскиот ден на планетата земја

Штипските екологисти, основните и средни училишта денеска со низа на активности го одбележаа Светискиот ден на планетата земја. Јорданка Калијџиеска од Еколошкото друштво „Виножито“ вели дека дека во еколшкиот парк на „Виножито“ во Штип заедно со учениците имале еколошки час.

– Сметаме дека направивме една убава работа, затоа што ги извлековме учениците од затворениот простор, од училниците, домовите, ги доведовме во природа да дишат чист воздух и да се дружат. Сметаме дека „Виножито“ дава свој допринос за здравјето и да речеме една еколошка поука на учениците, вели Калајџиеска.

Во штипското Основно општинско училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ денеска учениците заедно со нивниот наставник по географија Виолета Иванова ја промовираа камањата „Запали дрво, изгаси живот“, која има за цел да ги информира и да ја подигне еколошката свест и кај останатите основци и средношколци во Штип за последиците од шумските пожари, а посебно на планината Плачовица.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …