вторник , 26 септември 2017
sweeden work

Во Шведска се работи по 6 часа дневно

sweeden work
И покрај тоа што истражувањата ни кажуваат дека е навистина лоша идеја да работиме повеќе од 50 часа неделно, многумина од нас веруваат дека така многу побргу ќе ја завршат работата и подоцна ќе можат да уживаат во успехот.

Според едно истражување кое е направено на 600.000 луѓе, откриено е дека оние кои работат над 55 часа неделно имаат дури 33% шанса да добијат срцев удар, одошто оние кои работат 35 – 40 часа неделно.

Шведска одлучила да се води по ова истражување и да воведе стандардно 6-часовно работно време.

„Мислам дека никој не може да биде продуктивен цели 8 часа дневно. Никој не може да остане фокусиран. Досега на нашите вработени им дававме простор да се релаксираат меѓу часовите за да можат поефективно да работат, но сега воведовме 6-часовно работно време, бидејќи важно е секој од нас да има време кое ќе го поминува со семејството и во кое ќе се посвети на личниот развој“ – вели Лајнус Фелдт, извршниот директор на Filmundus.

Откако оваа компанија го заменила стандардното 8-часовно работење за 6-часовно, забележале зголемување на продуктивноста и среќата на вработените.

За да има ефект и да не се наруши продуктивноста на компанијата, извршниот директор ги замолил во текот на тие 6 часа да ги избегнуваат социјалните мрежи и ги скратиле состаноците.

Фелдт изјавува дека продуктивноста на работниците значајно се зголемила , а самите работници се посреќни и поодморени.

Во Шведска ова не е единствената компанија која започнала да воведува 6-часовно работење, а ниту една досега не изјавила некакви проблеми.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …