вторник , 26 септември 2017
pristaniste

Во Солунското пристаниште заглавени 120.000 тони товар за Македонија

Во солунското пристаниште до утре ќе се соберат околу 120.000 тони товар наменет за Македонија, кој не може да стигне до крајната дестинација поради протестите на грчките земјоделци кои ги блокираат автопатите и граничните премини на Грција.

Претставник на раководството на солунското пристаниште за информативниот портал „Вориа“ изјавил дека до утре во солунското пристаниште ќе се акумулираат околу 120.000 тони суровини, како што се никел, јаглен, челик, сол и друго, кои се наменети за македонската индустрија.

Тој ги повика земјоделците да имаат разбирање за проблемите со кои се соочува солунското пристаниште и да протестираат на друг начин, а не со блокирање на автопатите, затоа што ако продолжи ваквата состојба клинетите ќе мора да го насочат својот товар кон други конкурентски пристаништа на Балканот со што Солунското пристаниште ќе изгуби пари, углед и доверба кај клиентите.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …