вторник , 26 септември 2017
klub na pratenici

Во тек е средбата за договор за изборната регулатива

klub na pratenici
Започна средбата на работните групи потписнички на Договорот од Пржино на која треба да се одлучи за гласањето на дијаспората и за изборот и надлежностите на Државната изборна комисија.

На средбата освен олеснувачот Питер ван Хојте присуствуваат Илија Димовски и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски и Цветанка Ивановаа од СДСМ, Артан Груби и Фатмир Бесими од ДУИ и Беким Фазлиу и Имер Алиу од ДПА.

Заедничата средба следува по билатералните договори на партиите со Ван Хојте во текот на денот.

Преговарачите на дадоа изјави на влегувањето во Клубот на пратениците.

По три дена пауза ова е прва средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Oлеснувачот Ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон.

„Мета“ дознава дека договорен е само изборот и начинот на одлучување на државната изборна комисија, додека сè уште е спорно гласањето на дијаспората. Од решавањето на тоа прашање ќе зависи и начинот на гласање на следните парламентарни избори, односно дали тој ќе биде по мнознински или по пропорционален модел.

И по синоќешното интервју на премиерот Никола Груевски на телевизија „Сител“, сè уште не е познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од гласањето на дијаспората на следните парламентарни избори. Груевски рече дека не е фер да се поставуваат услови со квоти за гласачите од дијаспората кои минуваат поголеми далечини за да гласаат.

СДСМ, пак, е за гласање на дијаспората, но нивниот глас да биде еднаков со гласот на граѓаните во Македонија.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …