четврток , 19 октомври 2017
planina

Водич и промоција на авантуристичкиот туризам во земјава

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија во соработка со Македонската спортско качувачка федерација вложија напори преку спортското качување да го промовираат авантуристичкиот туризам во земјава.

Во изминатиот период се работело на подобрување на условите на качувачките локалитети во Македонија и изработка на спортско качувачки водич. Промоцијата на еден од качувачките локалитетите и на водичот ќе се одржи на 14 септември  во 12 часот, на Кадина карпа во јужниот дел на Скопје (локалитет за кој спортските качувачи од земјава можат со гордост да истакнат дека заслужува епитет на светско место за спортско качување).

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.