вторник , 25 јули 2017
ohrid

Воениот камп во Охрид ги отвори вратите за вознемирените граѓани, тлото уште се тресе

Министерството за одбрана ги понуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ кај Свети Наум, за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што го зафатија подрачјето на Охридско Езеро во последните две недели. Во повикот се вели дека за граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп може да се јават на мобилниот телефон 070 403 392 и да го побараат Ристе Спасовски, раководител на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во Министерството за одбрана.

Во меѓувреме, тлото не престанува да се тресе. Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер е почувствуван утрово во Охрид и околината. Епицентарот бил помеѓу селата Косел и Јанкоец.

Силен земјотрес го потресе Охрид и пред полноќ, чија магнитуда беше 4,1 степен според Рихтер. По него следеа два помали потреси со магнитуда од 2 степени и еден во 3 часот со магнитуда 3.

Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за паѓање на оџаци, доградби, оштетени балкони и ѕидови.

До Центарот за управување со кризи до сега пријавени биле штети на околу 200 објекти.

Од 18 јуни во Охридскиот регион регистрираани се над 1.000 земјотреси.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …