понеделник , 21 август 2017
wolt street

Волстрит: Дау Џонс деветти ден по ред со рекордна вредност

На Волстрит вчера Дау Џонс достигна рекордна вредност деветти ден по ред, а зајакнаа и останатите индекси благодарение на растот на цените на акциите во технолошкиот и потрошувачкиот сектор.

Дау Џонс зајакна 0,12 бодови, на 22,118 бодови, додека S&P500 се зголеми за 0,16 отсто на 2.480 бодови, а Насдак индексот 0,51 отсто на 6.383 бодови.

Најмногу вчера за 0,7 отсто пораснаа цените на акциите во потрошувачкиот сектор бидејќи инвеститорите се надеваат дека трговските синџири ќе објават добри квартални бизнис резултати.

Со раст од 0,6 отсто следува технолошкиот сектор додека најмногу намалување е регистрирано, просечно за 0,9 отсто, кај акциите во енергетскиот сектор што е последица на намалувањето на цената на нафтата.

Најголема поддршка за пазарите даваат кварталните бизнис резултати на компаниите што се подобри отколку што се очекувало, јавуваат американски медиуми.

Од почетокот на сезоната на објавување бизнис извештаи, за резултатите соопштиле 2/3 од компаниите од составот S&P500 индексот, при што 72 отсто надминале очекувања што е повеќе отколку просечните 64 отсто во квартал.

Слични написи

branimir

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра …