петок , 22 септември 2017
volvo

Волво поради големите трошоци престанува да развива дизел мотори

Шведскиот производител на автомобили Волво не планира да развива нови дизел мотори бидејќи трошоците за намалување на штетните гасови станаа превисоки, рече во среда извршниот директор Хакан Самуелсон.

„Гледано од денешна перспектива, повеќе нема да развиваме нови генерации дизел мотори“, истакна Самуелсон во разговор за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Тој додаде дека Волво ќе продолжи да ги развива моменталните модели со дизел погон воведени во 2013 година и оваа генерација мотори ќе се произведува до 2023 година.

Наместо дизел моторите, Волво ќе инвестира во електрични и хибридни автомобили, со првиот електричен модел кој на пазарот ќе се појави во 2019 година.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …